Овошјето може да биде вашиот лек против стрес и лошо здравје, ако ги измешате вистинските намирници како што се лимонот, ананасот, портокалите, бананите, медот и ѓумбирот. Освен што е мошне вкусен, овој овошен пијалок е преполн со витамини, особено оние кои вас ве заштитуваат од настинки и грип. Затоа пробајте го миксот кој е заштитник на доброто здравје и позитивна енергија.
Сите состојки ставете ги во блендер на средна јачина околу 10 секунди. Сервирајте веднаш и уживајте во секоја голтка.
Состојки:
1 филџан свежо цеден сок од портокал,
100 гр исецкан ананас,
1 банана,
Пола филџан сок од киви,
Пола филџан сок од лимон,
1 лажичка мед,
1 лажичка исецкан ѓумбир.