Својата есенска Haute Couture, Ели Саб ја отвори со интересен избор на рубин црвен фустан со кармин украси…
Остатокот од палетата бои е фокусирана на нијансите на скапоцените камења како смарагдно зелена, сафирно сина. Женствените силуети ја нагласуваат линијата на половината, додека фустаните се драпирани од шифон. Романтичен како и секогаш, невестата на Ели Саб ја затвори модната ревија со три деверици, облечена во сребрена венчаница која потсетува на сјајот на месечината.