Само еден на 100 милиони луѓе во светот имаат способност да зборуваат наназад. Оваа специфична вештина според науката е доказ за надприродна интелигенција. Момчето се вика Самил и живее во Нови Пазар. Оди во училиште и игра фудбал во локалниот клуб. На прв поглед обично дете, но се додека не прозбори.
Науката сеуште нема конкретни докази за овој феномен, но сепак се смета дека се работи за луѓе со бујна фантазија и огромна меморија. Но за Самил не е важен одговорот на науката, него повеќе го загрижува тоа што не може да најде соговорник.
Тој сеуште се надева дека ќе најде друштво за кафе. Но додека тоа не се случи, признава дека сепак ужива во тоа што во неговиот град баш никој не го разбира.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ZoQDivg3wOE