Ќерката на Анџелина Џоли, Шајло е копија на татка си. Седумгодишната наследничка на ѕвездениот пар го копира и стилот на Бред Пит.
Од тригодишна возраст Шајло пројавува независен карактер. Девојчето откажува да носи фустани и претпочита машка гардероба.
Родителите пак не му пречат на детето да се облекува како што сака. И сметаат дека Шајло има право на свое мислење.
Со машка фризура, Шајло, од ден на ден се повеќе личи на нејзиниот татко. И очигледно ништо не наследила од нејзината преубава мајка.