Смена на врвот: Кока Кола не е повеќе најмоќната светска марка!

popara1 октомври, 201317min00
7

Американската компанија Кока Кола не е повеќе најдобрата светска марка, откако од таа позиција после 13 години владеење, ја симна Епл.

Ова е прв пат овој производител на безалкохолни пијалоци да не се најде на првото место на листата “100 најмоќни марки во светот“, која од 2000 година ја составува компанијата Интербренд.

Оваа година Кока Кола падна за две позиции, губејќи и од Гугл, кој се најде на второ место. Според процентите на Интербренд, вредноста на Епл е 98,31 милиарди долари, што е раст за 28% во споредба со минатата година.

Koka kola