Долго чувана тајна: Косата е продолжение на нервниот систем!

popara4 октомври, 201318min00
13

Кога размислуваме за индијанците, секогаш пред очи ни доаѓа истата слика: долга коса, пердуви, бои по лицето и томахавк. Но овој горд народ е многу повеќе од тоа, магично привлечен и длабоко духовен.

После смртта на својот сопруг, кој бил воен психијатар во институт за грижа за виетнамските ветерани и работел со бивши војници кои се лечеле од ПТС, сега веќе 90 годишна жена, ги објавила во јавност студиите на кои работела американската воено – медицинска служба, па така и нејзиниот сопруг.

“Се сеќавам на ноќта кога мојот сопруг дојде дома носејќи дебела папка со ознака “доверливо“. Внатре имаше стотици доверливи студии со владини печати. Беше шокиран од содржината, а она што го прочита засекогаш му го смени животот.

Од тој ден, мојот конзервативен, разумен сопруг, пушти коса и брада и повеќе никогаш не ги пресече.

Од воениот врв бараше и доби одобрување за себе и своите соработници да им се дозволи да ја задржат долгата коса и брада.“

За што станува збор?

За време на војната во Виетнам специјалните единици регрутирале луѓе од индијанските резервати кои покажувале способност лесно и брзо да се снаоѓаат на непознат и непријателски терен.

Биле заведени во регистар како “експерти за преживување“. Така почнала нивната регрутација, а потоа се случило нешто неверојатно.

Откако, после правилата на воената служба, на индијанците им ја скратиле косата, тие ја изгубиле способноста поради која првично биле регрутирани.

Кога биле прашани зошто не можат да ги извршуваат задачите, старите регрути одговориле дека повеќе не можат да го “почувствуваат“ непријателот и дека повеќе не можат да се ослонат на своето шесто чуло и дека интуицијата им е сега слаба, па затоа не ги читаат знаците поради отсуство на духовните сетила.

Била регрутирана уште една група индијанци. Се покажало дека оние кои ја зачувале долгата коса успешно го поминале тестот, а оние на кои им ја скратиле косата не покажале резултати и вештини кои претходно ги поседувале.

Во документите од институтот за тестирање на “трагачите“ стои препорака на сите индијанци задолжително да им се остави долга коса.

Заклучокот на студијата е дека “косата е продолжение на нервниот систем и правилно е да се смета дека тоа се екстрасензорни нерви, вид високо развиени антени кои пренесуваат огромна количина информација од и до нервниот систем.“

asdsad

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag