Саманта Лутвајт, позната како “Белата вдовица“ во својот дневник ја опишала потребата за убивање и потикнување на своите деца да го прават истото…
Саманта Лутвајт (29) е сопруга на еден од напаѓачите кој на 7 јули 2005 се самоуби за време на терористичкиот напад во Лондон, а е во бегство бидејќи се смета дека била главен организатор на нападот на кенискиот шопинг центар Вестгејт каде се убиени 68 луѓе.
“Неодамна мојот сопруг разговараше со нашиот 8 годишен син и 5 годишна ќерка. Ги праша што сакаат да бидат кога ќе порснат, а тие двајцата се согласија дека би сакале да бидат муџахедини. Тогаш ги праша како планираат да го сторат тоа и која е нивната цел. Сакаже да им покаже дека не е доволно само да кажеш “сакам да бидам муџахедин“, туку и да живееш како таков. “
“Барав сопруг кој се би дал за Алах и кој живее за да ги тероризира неверниците, исто како што тие не тероризираат нас. Тоа е она што го сакав и Алах ми го даде“, раскажува Белата вдовица во својот дневник.