Иван Маринковиќ призна дека сеуште е вљубен во Сара и дека ќе се обиде повторно да се зближи со неа, сега откако Аки замина од имотот.
“Гледам и гарантирам дека Сара се вљуби во него. Таа е млада девојка, после приказната дека има дечко надвор, па она што се случи со мене, па со Аки, можеби изгледа нереално, но јас верувам дека е. Од негова страна мислам дека не во таа мера. Јас се заљубив во неа и сеуште сум вљубен. Јас ќе ги искористам следниве денови и ќе се обидам да и се приближам на некој начин. Што ќе се случува понатаму незнам, но нејзината насмевка вели дека сака со мене да комуницира“, вели Иван кој сака да се продолжи нивната љубовна приказна и кој верува дека има добри шанси.