Откако го напушти имотот пејачката Зузи Зу за нова газдарица на имотот ја постави најконфликтната фармерка Јелена Голубовиќ, после што сите станари беа шокирани.
Режисерката во истиот момент почна да наредува и за своја десна рака го постави својот сакан, Чупо, додека на Романа и додели задача да ги организира жените во кујната.
“Чупо го поставувам за свој потпарол и тој не смее ништо да работи, освен да организира. Зорице, ти нема ништо да работиш, исто и Романа, таа само ќе ги организира жените во кујната“, наредува газдарицата, додека фармерите превртуваа со очите.
Следниве седум дена нема да бидат воопшто лесни за фармерите, бидејќи со Јелена ретко кој успева да воспостави нормална комуникација, па се очекува вистински хаос при исполнувањето на задачите и наредбите на актерката.