Американската пејачка Мадона од секогаш имала голем интерес за религиите. Иако пораснала во католичко семејство, сака да ги проучува и останатите религии.
Пред неколку години таа беше опседната со кабала, еврејска мистика, до таа мера што премина во јудаизам. Сега кога е во врска со танчерот Брахим Заибат кој е муслиман, пејачката сака да се посвети на исламот.
Во интервјуто за “Харперс Базар“, Мадона изјавила дека го проучува Куранот. Таа вели дека исламот се повеќе ја привлекува особено после престојот во Малавија, каде ја усвои ќерката Мерси.
“Мислам дека е потребно да се проучат сите свети книги. Како што мојот пријател Јаман вели: Добриот муслиман е добар евреин, а добриот евреин е добар христијан, и така по ред. Можам само да се согласам со него“, вели пејачката.