И покрај модерната козметика, естетските третмани, гардеробата која ги прикрива маните, годините неусетно поминуваат и од првите знаци на физиолошкото стареење не можете да побегнете…
Забите стануваат подолги
Баш како и кожата, и непцето со тек на време ја губи својата еластичност. Како годините минуваат, непцето се повлекува кон вилицита, забот се оголува и затоа изгледа подолг. Најчесто се работи за парадентоза.
Бојата на гласот се менува
Сигурно сте забележале дека повозрасните жени имаат длабок и погруб глас, додека машкиот глас станува пискав. Со годините женското тело лачи помалку естроген, а машкото тестостерон, па затоа доаѓа до промена на секундарните полови карактеристики, како што е и бојата на гласот.
Килограми плус
После 50-та година, повеќето луѓе накачуваат по 1-2 килограми годишно. До ова се стигнува поради слабата физичка активност и намалување на мускулната маса. Се успорува метаболизмот, а со самото тоа и натрупување на вишокот калории под формата на сало.
Кивање
Алергискиот ринитис се појавува поради општото слабеење на имунитетот после одредена возрасна граница. Тоа е причината што луѓе кои никогаш немале алергиски проблеми, да ги здобијат подоцна во животот, кога организмот почнува физиолошки да старее.
Старечки пеги
Како годините минуваат, така нашиот организам почнува да произведува се повеќе пигменти, што е причина за појава на младежи, старечки пеги, но и брадавици.
Растат ушите, носот и стопалата
За разлика од сите други коски кои после 25-та година стануваат се потенки, губат еластичност и колагенски влакна, носот, ушите и стопалата стануваат поголеми.
Главоболка
Старечката главоболка се манифестира како тапа болка во задниот дел од главата, која се јавува најчесто после неколку часа сон после што човекот се буди. Оваа болка е предизвикана поради окоскување на рскавиците од черепот.
Мамурлук
Еден од клучните органи за нашиот метаболизам е црниот дроб. Со текот на годините, функцијата на дробот ослабува, па се потешко може да се пребори со токсините како тешка храна, алкохол, цигари, дрога и сл. Пијанството трае подолго, а последиците од мамурлукот се потешки.
Намалувње на висината
Остеопорозата е проблем кој почесто се јавува кај жените, а се манифестира со истенчување на коските од рбетот, притискање една до друга, рбетот почнува да го губи својот облик, и човекот почнува да се подгрбавува и со самото тоа се смалува.
Стаклени очи
Со текот на годините и каналите кои се задолжени за лачење солзи, полека пресушуваат. Затоа повеќето стари луѓе имаат специфичен сјај во очите и делуваат како туку што да плачеле.