Американецот Дејв штедел повеќе од година дена за да собере пари за силиконската кукла која ја нарекол Сидор Брижит Куроненко. Ја набавил преку интернет и ја платил 7000 евра. Нивната врска е идилична веќе 13 години.
Дејв за својата сопруга вели дека е беспрекорна и дека се вљубил во неа уште на прв поглед. Сидор навистина изгледа како човечко суштество. Иако куклите како неа се продаваат како секс играчки, за Дејв таа значи нешто повеќе. Својата врска со неа тој ја опишува како 70% емоционална и 30% сексуална.
Купил и втора кукла: “Одлично се согласуваат“
Во 2012 купил уште една кукла, русинката Елена, која со Сидор се согласува одлично.
“Синтетичките жени се трајни, за разлика од природните. Жените од крв и месо се разликуваат по мирис, вкус, карактер и начин на живот. Куклите нема да те нервираат, да те обвинуваат и да ти ги кинат нервите, не знаат да лажат…“, објаснува Дејв со својата необична логика.
“Кога телото ќе се потроши, купувам ново“
Вели дека од секогаш бил интровертен и не сакал многу да се дружи. Деновите ги поминува со сопругата, со која има често сексуални односи.
“Мојот идол, Ворхол, во една прилика кажал дека мораме да правиме работи кои обичните луѓе не ги разбираат. Воопшто не ме интересира ако некој каже дека врската со кукла е неприродна и чудна. Таквите како мене, никогаш на никого не му згрешиле, ни наштетиле. Јас само уживам во животот со моите уникатни партнерки“, истакнува Дејв.