Мајли Сајрус во последно време често ја гледаме во разголено издание, но таа како одговор на нејзиното однесување пред американските медиуми изјавила дека е многу свесна за тоа и дека човек не може засекогаш да остане секси.
“Јас сум таква каква што сум“, изјавила во шоуто “Тoday“, откако ја прашале дали се што прави е само минлива фаза.
“Мислам дека е тешко да бидеш она што не си…Лесно е да бидеш она што си. Слушнав дека кога ќе наполните 40 години, работите стануваат се помалку сексуални. Значи, тука некаде, околу 40-та, слушнав дека луѓето престануваат да се занимаваат со секс. Мислам дека и јас ќе се смирам до тогаш“, изјавила Мајли.