Ако сакате да направите домашен мелем за најразлични рани, изгореници, осип, уртикарија, егзем и многу други кожни болести, ние ќе ви понудиме рецепта која се докажала со текот на годините.
Балсамот е многу лесен, но истовремено и многу лековит, бидејќи содржи чисти природни намирници и во него нема никаква хемија, која може да ви создаде алергиски реакции и други слични проблеми со кожата.
Домашниот балсам може да се применува кај деца и возрасни. А еве ја и рецептата:
Чист пчелин восок – количество колку кутија од кибрит
Маслиново масло, ладно цедено (познато како Екстра Вирџин) – еден филџан
Бебешки сапун – рендан, една супена лажица
Органски мед – еден филџан
Темјан – неколку зрнца
Сите компоненти се мешаат и се загреваат на оган околу 10 минути. Можете да ја загреете смесата и на пареа. После тоа садот се трга од оган и се меша додека сите компоненти не се соединат. Се исипува во суви, стерилни теглички со капак, и се чуваат во фрижидер.