
Убавицата и ангелот на Викторија Сикрет, Роузи Хантингтон Вајтли, открила пред медиумите дека на 15 годишна возраст, кога била на почетокот на својата кариера, агентите ја принудувале во текот на денот да јаде само едно парче суши за да ослабне. Преубавата манекенка тврди дека и тогаш имала голема самодоверба и не се согласила со нивните нездрави барања.
“Мојот елоквентен одговор за нив гласеше: Ебе.е се“, изјавила Роузи.
Роузи признава дека многу млади манекенки се приморани да бидат на строги диети ако сакаат да добијат работа во модната индустрија. Модните гиганти се немилосрдни кон девојките кои сонуваат да станат познати модели.
