
Неодамна почнаа шпекулациите за уште еден холивудски развод, а овој пат се работи за Ричард Гир и Кери Ловел.
Популарниот актер сеуште е голем заводник. Наводно, причината за разводот била нивниот различен стил на живеење, меѓутоа, нешто друго е во прашање. Ричард Гир се обидел да ја заведе најдобрата пријателка на неговата сопруга Кери Ловел.
“Тоа за Кери беше огромен удар. Пријателката е доста помлада од неа. Секако дека Кери беше многу повредена и веднаш побара развод“, изјавил изворот, блисок на холивудскиот пар.
