Шок кампања за лошите навики: Една лименка дневно, ви носи 5 килограми годишно!

popara9 октомври, 201317min00
14

Спотот наменет за превентивната кампања на австралиското Министерство за здравство е крајно директен и потсетува на некои од најдрастичните реклами против пушење.

Всушност, видео спотот кој предупредува за опасноста од шеќерот прикажува младо момче кое отвора лиминке и ја истура во чаша. Но наместо слатка, газирана течност, од лименката тече маснотија која момчето ја проголтува.

На снимката потоа се појавува чинија полна маснотии со порака: “Со конзумација на една лименка газиран пијалок дневно, ќе добиете 5 килограми годишно. “

Добро познато е дека газираните пијалоци се енергетски бомби, но малкумина знаат дека шеќерот од овие пијалоци веднаш преминува во сало во вашиот организам.

Авторите на овој спот се надеваат дека на овој начин луѓето конечно ќе ја согледаат врската помеѓу газираните пијалоци, салото и здравјето.

httpv://www.youtube.com/watch?v=DppPnw8eTLM