Мерилин беше симбол на природната убавина, но и таа легнала под нож!

popara10 октомври, 201317min00
4

Срушен е уште еден мит. Мерилин Монро, актерката која важеше за симбол на природната убавина од времето на златната ера во Холивуд, имала неколку пластични операции.

Нејзината убавина за која и ден денес , после половина век од нејзината смрт, сонуваат милиони мажи, всушност е плод на вештите раце на добар пластичен хирург. На аукција во Лос Анџелес следниот месец ќе биде понудена целосна документација (рендген снимки и белешки од лекарите), за нејзините пластични операции. Документите потекнуваат од 1950 до 1962 година. Трговецот ги добил документите лично од доктор Мајкл Гурдин кој ја оперирал славната убавица.