Кога станува збор за најопасните раси, прстот најчесто сочи кон пит булите. Луѓето често забораваат дека во 19 век овие кучиња биле создадени исклучиво за борби.
Покасно се користени и за лов. Со текот на времето луѓето ги внесуваат и во своите домови, па денес се едни од најчестите домашни миленици.
Сопственикот на опасно куче, како пит бул, никогаш нема да ви каже дека неговиот миленик е агресивен, меѓутоа бројот на пријавени смртоносни напади, не се согласува со нивните изјави.
Порталот curiosityaroused.com објавил листа со најопасните раси во Америка, врз основа на бројот на напади со кобни последици. Ова истражување е превземено од Здружението на ветеринари, кои ја следеле ситуацијата од 1979 до 1998 година.
На првото, неславно место, е пит булот со 66 жртви. Следуваат:
Ротвајлер – 39
Германски овчар – 17
Сибирски хаски – 15
Мешавина од волк и куче – 14
Алјаски маламут – 12
Доберман – 12
Чау Чау – 8
Дога – 7
Бернандинец – 7
Кога ќе се случи да нападне куче човек, често неправедно се забораваат случаите во кои кучињата од истата раса помогнале и спасиле човечки живот. Сите добри дела паѓаат во вода, а целата раса е прогласена за агресивна и опасна.
Се заборава уште еден многу важен факт – Кучето е опасно исто колку што е опасен неговиот сопственик!