
Некои постари членови на кралското семејство не се повикани на крштевката на принцот Џорџ, што ќе се случи крајот на месецов, бидејќи неговите родители сакаат свечаноста да се одвива во потесниот семеен круг.
Тетките на принцот Вилијам, Ен и Софи, грофиците од Весекс се изоставени од списокот на поканети. Иако Бекингамската палата одбила да го коментира овој скандал, се чини дека и вујковците на Џорџ, Ендру и принц Едвард, исто така не се повикани на долго очекуваниот настан кој ќе се одржи на 23 октомври, се вели во изворот – Дејли Мејл.
Вилијам и Кејт одлучиле да ја прекинат кралската традиција и решиле синот да го крстат во капелата на палатата Свети Џејмс, бидејќи просторот е мал и поинтимен од Бакингамската палата. На крштевката ќе присуствуваат само најблиските роднини и пријатели.
Војводата и војвотката од Кембриџ одамна покажаа дека нема да се придржуваат на старите кралски традиции.
Вилијам за венчавката го намали предложениот попис на гости, бидејќи некои од нив не ги ни познавал, а парот одлучи наместо службен портрет, да ја објават првата семејна фотографија со принцот Џорц, направена од страна на таткото на Кејт, Мајкл.
Парот емотивно е врзан за палатата Св. Џејмс, која до неодамна беше и нивни дом, а пред олтарот на капелата во 1997 година лежело и телото на мајката на Вилијам, принцезата Дајана, кога семејството и пријателите и оддадоа почит пред испраќањето во Вестминстерската катедрала.