
Брутална одмазада! Девојката која потекнува од јужна Африка и има 21 година, чие име не е објавено, му го отсекла пенисот на својот дечко откако го затекнала со друга жена во кревет.
Девојката најпрво, заканувајќи им се со нож ги натерала дечкото и жената која била со него да се соблечат, а потоа го нападнала и му го осекла пенисот на нејзиниот дечко.
Девојката од Јоханесбург набрзо после крвавиот инцидент била уапсена, а не е познато во каква состојба е нејзиниот дечко. Девојката во моментов се наоѓа во притвор, бидејќи одбила или немала пари да плати кауција.
Ќе остане во притвор до судењето закажано за 23 октомври.