
Какви и да се околностите, абортусот никогаш не е лесна одлука, ни за една жена, ни за мажот. Ви го претставуваме писмото кое една мајка го напишала за бебето кое во договор со својот партнер, одлучила да не го роди.
Можеби, во некој критичен момент, ова ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор…

Драга Изабела,
Те сакам. И тоа многу повеќе отколку што можеш да претпоставиш. Ти за мене си најубавиот подарок и благослов кој не сум го заслужила. Мора да знаеш дека никогаш не те гледав како здраво за готово. Силно се заљубив во тебе дури многу порано, дури и пред да откријам дека сум бремена.
Што се однесува на твоето име, твојот татко и јас го избравме одамна и често сонувавме за тебе. Три години, пред да се случи тоа што се случи, почнавме да размислуваме за тоа каква си и колку си убава. Имаш свилена смеѓа коса, огромни сини очи и никогаш не ги соблекуваш омилените гумени чизмички.

Кога открив дека ќе те добијам, бев сосема сама. Беше два дена пред Божиќ. Моментот не можеше да биде полош. Бев преплашена. Татко ти ме повика и возбудено рече: “Ова ќе биде мојот прв ден како татко! Не можам да верувам. Многу сум горд!“ тоа беше прекрасен ден кој засекогаш ќе го паметам.
Од тој момент, твојот татко и јас почнавме да размислуваме како да го извлечеме најдоброто од целата ситуација. Разговаравме за сите возможни опции. И како што обично се случува, една работа води кон друга и ние во еден момент се стаписавме од помислата што се може да ти се случи. Не можевме да замислиме да гледаме некој друг пар во улога на твои татко и мајка. Сепак, длабоко во себе знаевме дека нема како да те заштитиме од страшната реалност и се она што можеме да ти понудиме, што е всушност многу, многу малку.
Го направивме она што единствено ни преостана. Кога би можела би ја повлекла својата одлука. Само да можам да те видам како се смееш, да го слушнам твојот глас, твојот плач, да те прегрнам силно…Толку многу пропуштив. Срцето ми се кине поради тоа што воопшто не ми падна на памет дека нашата љубов нема да биде доволна, дека нема да те задоволи. Толу сум тажна што никогаш не се сретнавме, но знам дека денес си на многу подобро место.

Не сакав ни за секунда да ја почувствуваш болката што јас ја чувствувам на овој свет. Не бев во состојба да се соочам со тоа ти да растеш во услови кои не ти ги овозможуваат баш сите опции. Во тие моменти душата ми се кинеше, а сега ми е криво што не ти дадов шанса да ја споделиш својата љубов со светот. Не бев во право. Сега сум свесна.
Прости ми, те молам…
Ти си моето мало девојче и никогаш нема да го заборавам времето кое заедно го поминавме, иако само 40 дена, за мене е вистински благослов. Ти си моја инспирација да издржам, те сакам, и не губам надеж. Во сеќавање на тебе, сакам своето болно искуство да го споделам со другите, но знам дека Бог ќе ти обезбеди многу поубави нешта, отколку што можев јас.
Се уште се сеќавам на моментот кога те изгубив. Татко ти ме држеше за рака и велеше дека еден ден повторно ќе се сретнеме со тебе. Тоа ми беше единствената утеха и единственото што ме одржува. Тој ден кога морав да се збогувам со тебе, дел од мене умре.
Ти си толку специјана и прекрасна, и не можам да го дочекам денот кога повторно ќе те видам. На самиот крај, таму каде повеќе нема болка и солзи…
Те сакам Бела!
Мама
За Изабела и сите оние мали ангели на кои им била ускратена шансата да го запознаат нашиот свет…чиј пат бил прекинат…поради разни причини…Да им посакаме да бидат среќни, каде и да се!
