Еден многу сиромашен човек живеел со својата жена.
Еден ден, негоата жена која имала многу долга коса, го замолила да и купи четка за коса за да може да ја негува.
Тој бил потиштен но рекол дека нема да може. И објаснил како пред некој ден му пукнало ремчето од рачниот часовник, но немал пари ни тоа да го смени.
Таа не инсистирала.
Мажот заминал на работа и по пат застанал во дуќанот каде го продал својот оштетен часовник за многу малку пари. Но сепак доволно за да може да купи четка за коса.
Вечерта се вратил во својот дом држејќи во рацете четка за коса, за да ја израдува својата жена.
Се изненадил кога ја видел со кратка коса. Таа ја продала својата коса во салонот и сега имала ново ремче за часовник во рацете, за да го изненади.
Истовремено заплакале. Сега тој имал ремче за часовник, но немал часовник. Таа имала четка, но косата сега и била кратка.
Плачеле, но не поради тоа што нивните дејствија се покажале безсмислени. Плачеле бидејќи го виделе очи во очи вистинското лице на вистинската љубов, онаа што се случува само еднаш во животот, онаа што те испепелува…
Да сакаш некого…тоа не нешто. Да бидеш сакан…тоа е нешто. Но да сакаш и да бидеш сакан од оној што го сакаш…тоа е вистинското нешто!
*Ги жалиме девојките кои продаваат љубов за пари, и мажите кои купуваат љубов со пари…бидејќи нивното срце никогаш не почувствувало и не знае што е тоа љубов…Тоа се сиромашни луѓе…