
Веројатно до сега многу пати сте проголтале гума за џвакање, а исто толку пати сте слушнале и дека не смее да се проголтува бидејќи може да се залепи на желудникот или пак дека се потребни седум години за да се исфрли од организмот.
Сепак, вистината е нешто поинаква. Точно е дека мастиките се состојат од смола, восок, масти и емулгатори кои не се разградуваат во телото, но и човечкиот желудник секојдневно прима одредени количини нерастворлива храна, па со самото тоа не е нешто необично, ни опасно по живот.
Во моментот кога ќе ја проголтате мастиката, нејзините делови кои не можат да се разградат остануваат во телото се додека желудникот не успее да се пребори со тоа, а потоа, после одредено време се исфрла од организмот.
Меѓутоа, дека приказните за штетното влијание на проголтаните мастики не се само мит сведочи фактот дека поголем број проголтани мастики истовремено може да предизвикаат проблеми со варењето, особено кај малите деца.
Ова, секако се случува многу ретко, но кога ќе се случи, тогаш е потребна лекарска помош.
И така, следниот пат кога ќе проголтате мастика, нема за што да се вознемирувате – вашиот желудник сосема успешно ќе се пребори со тоа.
