Оваа приказна воодушеви милиони: Можеби ќе го смени и вашиот поглед кон животот?

popara3 октомври, 20151min00
14

Двајца мажи, и двајцата тешко болни, сместени во иста болничка соба, во една голема болница. На едниот од нив лекарите му дозволиле еден час во текот на денот да помине во седечка положба, со цел да го олесни протокот на течности кои се собирале во неговите бели дробови. Другиот маж, поради неговата болест, по цел ден морал да лежи во кревет…

Двајцата, со тек на време многу се зближиле. Поминувале часови раскажувајќи за своите животи, своите жени и семејства, случки од младоста, за она што го работеле, и каде оделе за одмор…

Секое попладне, за време на оној час кога мажот со болни бели дробови имал дозвола да седи, тој на својот пријател му опишувал што може да види низ прозорецот покрај неговиот кревет. Единствен во нивната соба.

Мажот кој лежел прикован за постела почнал да живее за тој еден час кога пријателот му ги опишувал убавините кои се случуваат и можат да се видат во надворешниот свет.

Му раскажувал пријателот за преубавото езеро кое се гледа од болничкиот прозорец. Околу него шетале млади, вљубени парови кои се држеле за рака. На бреговите на езерото доаѓале и родители со нивните деца. Малечките уживале играјќи со мали бродчиња…Насекаде оклу езерото имало шарено цвеќе, а во далечена се гледал градот под синото небо…

Бидејќи мажот што седел покрај прозорецот опишувал се, до најситни детали, овој другиот можел да ги затвори очите и да ги замислува прекрасните сцени кои се случуваат надвор. Едно топло попладне, мажот опишувал преубава парада која поминала покрај езерото – со музика, танчери и музичари и разиграни луѓе кои учествувале. Било вистинска штета што прозорецот бил затворен па не можело да се слушне музиката, но бидејќи мажот покрај прозорецот сето тоа така убаво и детално го опишувал, на овој другиот му се чинело дека сето тоа може да го види и почувствува…

Поминале така денови и месеци…

Едно утро сестрата што се грижела за нив влегла во собата и го затекнала безживотно телото на човекот кој лежел до прозорецот. Умрел мирно, во сон.

Поминале неколку дена и другиот маж ја замолил сестрата да го преместат на креветот до прозорецот. Го префрлиле. Штом излегла од собата, тој бавно и тешко, со крајни сили се исправил за да може за прв пат да погледне сам низ прозорецот за да види што се случува во надворешниот свет…

Погледнал низ прозорецот. Немало ни езеро, ни млади парови, ни цвеќе, ни небо, ни деца…само бел ѕид што припаѓал на другиот блок од болницата.

Кога следниот пат дошла сестрата ја прашал – Таа му одговорила дека неговиот починат колега бил слеп, не можел да го види ни тој бел ѕид. Веројатно сакал да ве охрабри и расположи, затоа ви ги раскажувал тие приказни – рекла сестрата.

Огромна среќа е да успееме другите да ги усреќиме, без разлика во каква ситуација се наоѓаме. Кога ја споделуваме, тагата се преполовува, кога ја споделуваме – самата таа се дуплира!

Ако сакате да се чувствувате вистински богати, само избројте ги сите оние работи кои ги имате и кои со пари не се купуваат….

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma