
Еден неверен сопруг јавно е посрамотен кога неговата фотографија се прошири низ социјалните мрежи со брзина на светлината.
На неверниот сопруг од САД му се случило она за што не можел ни да претпостави – една патничка во возот за Филаделфија го слушала како со своите пријатели разговара за бројните вонбрачни афери кои наводно ги имал па го фотографирала и ја поставила неговата фотографија на Фејсбук.
“Ако е ова вашиот сопруг, треба да знаете дека поминав два часа со него во возот за Филаделфија и го слушав овој губитник и неговите пријатели како се фалат со своите афери и како ги опишуваат своите сопруги како преглупи за да откријат што се случува. Ве молам, оваа фотографија споделете ја и вие!“, напишала револтираната жена.
Фотографијата набрзо станува интернет сензација, но засега не знаеме дали стигнала до профилот на неговата сопруга 🙂
