Решете се од забоболката за само 7 минути: Потребна ви е само коцка мраз…

popara14 октомври, 201318min00
19

Дали знаевте дека забоболката, една од најнепријатните болки кои ги познаваме, може да се реши со помош на едноставен трик кој вклучува коцка мраз.

Истражувањето спроведено во Канада осумдесетите години покажало дека забоболката можете да ја отстраните или барем да ја смирите без воопшто да ја отварате устата.

Се што ви е потребно е коцката мраз да ја ставите на местото на превиткување помеѓу палецот и показалецот и нежно да масирате на тоа подрачје 5 до 7 минути.

Токму тоа место на раката е делот каде се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кои го контролираат степенот на болка во рацете и главата.

Масирањето со мраз ги блокира тие центри, а 90% од испитаниците кои учествувале во истражувањето потврдиле како оваа техника навистина им помогнала.

http://img.webmd.com/dtmcms/live/webmd/consumer_assets/site_images/articles/health_tools/acupuncture_overview_slideshow/photolibrary_rm_photo_of_needle_in_hand..jpg