Интересна приказна за две момчиња: Што мислите, кој е посреќен?

popara14 октомври, 201319min00
20

Ќе ви раскажеме една кратка приказна која ќе ви покаже како различно реагираат луѓето на случките во животот…

Таткото подготвил подароци за двајцата синови.

За песимистот избрал електричен воз, а за оптимистот коњски измет.

Кога песимистот го отворил подарокот одма почнал:

          Леле, па возов е електричен, нема да работи кога ќе нема струја.

          Ама работи тој и на батерии – вели таткото.

          И што кога батериите ќе се потрошат, а јас баш се заиграв?

          Ќе купиме резервни батерии – вели таткото.

          А и пругата ќе се искриви…

А што доби ти? – го прашале синот оптимист.

          Јас добив пони, но отишло некаде…

Што мислите, кој е посреќен, песимистот кој никогаш не е задоволен или оптимистот кој се радува и без покритие?