Проблемот со уништувањето на природните живеалишта, а со самото тоа и животот во нив, поради производство на палмово масло, загрижува се поголем број експерти. Поради ова, Rainforest Action Network (RAN) осмислиле одлично видео каде сираче орангутан преку Скајп моли глувонемо девојче за помош.
Слаткиот разговор помеѓу двете малечки, кои иако не зборуваат на истиот јазик, совршено се разбираат, е крајно трогателен и потресен. Путерот од кикиритки е само еден од производите кој се спомнува во оваа молба, покрај бројните брендови на американското домаќинство.
Огрмниот проблем со масовното уништување на животот на планетата зема се поголеми размери, затоа е важно за тоа да водиме сметка.
Ако ја чуваме природата и таа ќе не чува нас. Во спротивно немаме никави шанси!
httpv://www.youtube.com/watch?v=G32YehcdUAw