Pistacia vera е дрво кое може да порасне до 10 метри и има листови долги од 10-20 сантиметри. Негово природно живеалиште е југозападна Азија. Фстакот содржи 50% масти, 20% белковини, 20% јаглехидрати, 2% растителни влакна, калиум, калциум, магнезиум и железо.
Неверојатно е какви се здравствени придобивки носи конзумацијата на оваа намирница.
Исхраната која вклучува дневна доза од 68 грама фстаци може да помогне во намалување на ризикот од белодробен карцином, но и останатите видови рак. Конзумацијата на фстаци го зголемува статусот на гама-токоферол, облик на Е витамин, за кој се верува дека го намалува ризикот од белодробен карцином, рак на простатата, па и други облици на малигни болести.
Тоа дека фстаците ја зголемуваат сексуалната моќ кај мажите е докажано со една студија која вели дека секојдневната конзумација на фстаци ја зголемува потенцијата кај мажите за цели 60% за што се одговорни есенцијалните масни киселини. Тие всушност го помагаат процесот на создавање сексуални хормони и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.
Фстакот е рекордер меѓу останатите јатки според содржината на голема количина антиоксиданси кои се клучни за обновување на клетките и поради што фстаците се наречени природен ботокс. Пет до десет фстаци дневно се препорачуваат во борбата против брчките.