Елис Ендрју е научник, а нејзината фан страна на Фејсбук се вика I Fuc*ing Love Science, каде секојдневно го разубавува секојдневието со интересни научни факти. Има неверојатни 7,5 милиони фанови, а секојдневно ја лајкуваат 15 000 нови корисници.
На прашањето во што е тајната на добриот пост на социјалните мрежи, одговорила дека ХИВ и рак се мошне популарни, но најпопуларниот пост што го поставила бил за биоразградивата урина во која подоцна можат да се садат растенија.
Додава дека за цело ова време нејзината љубов кон науката не се сменила, а една од причините за големата љубов е како што вели, тоа што цел живот погрешно ја учеле како да пристапи кон науката.
“Дури на факултет за прв пат бев возбудена. Се сеќавам на првото предавање, предметот беше еволуциона биологија, и зборувавме за тоа како луѓето се менуваат, но и за останатите видови на планетата. Седев и мислев: Како е возможно ова никој да не го знае?“
httpv://www.youtube.com/watch?v=T5Fyn2Nag5A