Крварењето на хемороидите е сигнал дека состојбата бара итна медицинска нега.
Какви чекори треба да се превземат за запирање на крварењето и спречување на компликациите?
- Спротивставете се на налетите да се чешате
Несомнено, сите други мерки се осудени на неуспех, ако не ја почитувате оваа најважна препорака. Механичкото дејство го иритира ткивото и го нарушува интегритетот на крвните садови и на тој начин ја исклучува можноста за нивно лекување.
- Потопувајте ги во топла вода
Постапката треба да биде извршена во када, 3 пати на ден по 15 минути. Топлата вода ја смирува иритацијата и го намалува крварењето и освен тоа ја одржува областа околу анусот чиста.
- Применувајте локални препарати
Во аптеките се нудат креми, масти и супозитории, кои ја намалуваат болката и воспалението. Некои од производите имаат и состојки кои директно ги подобруваат васкуларните sидови.
- Заменете ја тоалетната хартија со влажни марамчиња
Дури и најмеката тоалетна хартија е премногу груба за примена при крварење на хемороидите. Користете влажни марамчиња кои содржат екстракт од алое вера. Ова ќе им овозможи на ткивата да почнат да зараснуваат.
- Применувајте ладни облоги
Ова е многу ефективен начин на ублажување на болката, кој освен тоа ги смалува потечените хемороиди и го намалува дразнењето на васкуларните sидови, намалувајќи го на тој нчин и крварењето.