Кои намирници ќе ви помогнат да ги исчистите белите дробови од никотин?

popara16 октомври, 201317min00
12

Ракот на белите дробови е една од водечките причини за смртност во светот и од оваа болест најчесто страдаат оние кои секојдневно уживаат во вдишување дим од цигари. Лекарите поради тоа им советуваат на своите пациенти едноставно да се откажат од лошите навики. Ако веќе пушите, обидете се да го намалите ризикот од појава на рак.

Следниве намирници во голема мера можат да ви помогнат да ги прочистите белите дробови.

Ѓумбирот е моќно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од ѓумбир, или парче свеж корен да изедете со оброк.

Освен што се познати како богат извор на витамини, портокалите исто така содржат криптоксантин, кој делува превентивно против рак на белите дробови.

Пченката содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека го штити белиот дроб од карцином бидејќи претставува моќен антиоксиданс.

Лукот и кромидот содржат супстанции кои имаат докажано антикарценогено дејство. Помагаат во спречување на многу болести, меѓу кои инфекции и рак на белите дробови. Интересно е дека кај луѓето веќе заболени од рак, овие намирници го спречуваат растот на нови клетки.

Копривата е преполна со железо, а мошне корисна како средство за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекции.

Чајот од борови иглички традиционално се користи за испирање на устата и грлото, но може да биде добар сојузник во борбата против рак на белите дробови.