
Славниот Јутјуб шегобиец Виталиј Здоровецки уште еднаш успеа во рекордно време да привлече милони гледачи на својот канал.
Овој пат го направи тоа со скечот каде се обидува да одговори на прашањето дали жените навистина се палат на пари, а неговото ново видео за помалку од 24 часа собрало 2,5 милони прегледи.
Неговиот експеримент е мошне едноставен: Девојката ја кани на состанок, а откако таа го одбива и го покажува неговиот скап автомобил.
Погледнете како се одвиваат понатаму работите…
Од тимот на Виталиј се уште нема информација дали ова е наместено или пак едноставно имале “среќа“ за време на снимањето кое требало да оди во друг правец.
Под видеото стои опис: “Тргнавме да направиме видео за тоа како да “собереш“ девојка. Но одлучивме да направиме мал пресврт. Видеото зборува само за себе.“
httpv://www.youtube.com/watch?v=0iyeUcFKRv4