Судејќи според коментарите под видеото на Јутјуб, ова многумина ги натерало да заплачат…
Младиот брачен пар од Нови Сад, Даниела и Иван одлучиле да го снимат раѓањето на својата ќерка Искра во тплината на домот. Не им било проблем вака интимна снимка да споделат со целиот свет преку Јутјуб.
– И се восхитував. Веруваше во себе, своето тело и моќта на раѓањето. Сакаше на своето дете да му овозможи најпријатно доаѓање на овој свет – изјавила Тамара Зидар, авторот на ова видео.
– Коментарите и реакциите се мошне позитивни. За сега не сум налетала на негативни, иако бевме подготвени и за такво нешто. Моите блиски кои не искусиле раѓање не ја разбраа најдобро мојата страст за фотографирање на ваков настан, но го сменија мислењето кога го погледнаа видеото. И видеото дефинитивно предизвика солзи кај повеќемина – смета Тамара Зидар.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Bt4g6ATcRGA#t=21