Оваа фотографија ја побесни јавноста, особено жените ширум светот!

popara17 октомври, 201318min00
16

На Фејсбук профилот на Марија Канг се појави фотографија на која оваа млада жена позира каде во прв план е нејзиното секси тело, опкружена од нејзините три мали деца. Сликата сама по себе не претставува проблем, ако под неа не напишала: А кој е вашиот изговор? И уште притоа се испоставило дека е реклама за нејзината нова книга, односно фитнес план.

Набрзо фотката собрала над 180 000 лајкови, 14 000 шерови и над 20 000 коментари.

“Можеби да си напишела “и вие можете“ или нешто слично, ќе беше поприкладно, наместо да претпоставуваш дека сите имаме изговори и какви“ – гласи еден од коментарите под сликата.

Секако Марија не можела да остане имуна на коментарите па набрзо се обратила со соопштение.

“Жал ми е што вака негативно реагиравте за наслвот на мојата книга. Не сакам да навлегувам во детали дека се борев со својата генетика, страдав од пореметување на исхраната, имам две работни места, немам дадилка, не сум природно слаба и не работам како фитнес тренер. Сепак ќе го кажам следново: Она што вие го интерпретирате, не е мој проблем. Ваш е. Првиот чекор кон превземање на контролата над вашиот живот, телото и судбината е да согледате дека мислите кои излегуваат од вашата глава се всушност ваши. Јас не сум ги создала. Вие сте го сториле тоа“ – рекла оваа жена.

Иначе, сега веќе позната фитнес блогерка и бивша учесничка на изборите за убавина, а како млада страдала од булимија. Многумина од оние кои и дале подршка велат да ги занемариме хејтерите бидејќи сепак тоа се “само љубоморни дебели луѓе“.

“Само се надевам дека оние кои ја ругаат фотографијата се свесни дека тие самите ја контролираат својата судбина. Мора да сватите дека не постои изговор дека немате време за самите себе“, дополнува Марија.

Foto: Facebook/Maria Kang

Foto: Facebook/Maria Kang

Foto: Facebook/Maria Kang

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma