Австралиски научници го направија како што тие велат најмалиот рачен микроскоп.
Тој може да се смести во игла и му дава на хирургот многу подобар поглед на тоа што се случува во телото на пациентот. Главната цел е да се откријат канцерогените клетки кои, досега често се пропуштаат во операциите за отстранување на рак на дојката.
Истражувачите од Универзитетот на Западна Австралија го користат микроскопот да направат 3Д слики со микроскопска лека,широка третина од милиметар.
Овој микроскоп сега се тестира на човечко ткиво.
httpv://www.youtube.com/watch?v=_Lyym6uU3PQ