Откако концептот на кафе барот со “тоалет“ детали доживеа голем успех на Тајван, кинескиот угостител Јо Јо Ли одлучил да ја искористи оваа идеја и да отвори објект со ваков необичен инвентар во Америка.
Во јужна Калифорнија наскоро ќе биде официјално отворен “Магичен тоалет“ каде гостите ќе седат на WC школки, а храната ќе биде сервирана во чинии со иста форма. На фотографиите објавени на нивната Фејсбук страна се гледаат и писоари по ѕидовите.