Осум месеци откако метеор прелета над Русија, експертите од езерото Чебаркул го извадиле можеби најголемиот дел од метеор на Земјата.
Грамадата тешка 570 кг веројатно припаѓа на метеорот кој експлодира и се распрсна над Чељобинск и направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул со пречник од 6 метри.
Над 1000 луѓе беа повредени кога метеорот тежок 10 илјади тони и пречник 17 метри се распрсна над Русија на 15 фебруари.
До сега од езерото се извадени 12 парчиња, но само за 4 од нив е потврдено дека се дел од метеорот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=xaehWpT7two