Разоткриени најголемите лаги на нутриционистите: Од сега со чиста совест ќе јадете свинска маст, кобасици, ќе пиете кафе…

popara8 јануари, 201518min00
3

Се плашите да јадете јајца, кобасици, мрсна храна? Полни ви се ушите со калории, холестерол, страв од болести, дебелеење? Кога ќе ги прочитате овие разоткриени лаги на нутриционистите ќе ви биде многу полесно.

Јајцата се нездрави

Јајцата се неверојатно здрави. Фактот дека во јајцето има толку хранливи материи доволни за да се создаде живот (пиле). Јајцата се ругани поради големата количина холестерол, но овој вид не го зголемува така наречениот лош холестерол. Јајцата се совршена храна за луѓето – многу витамини, минерали и единствени антиоксиданси кои ги штитат очите, потоа одличен извор на колин, супстанција неопходна за мозокот.

Секоја калорија е иста

Се смета дека за намалување на тежината е најважна потрошувачката и внесот на калории. Но не е сеедно од која храна доаѓаат. Всушност различните видови храна низ телото поминуваат низ различни метаболни процеси. Например, фруктозата може да го потикне апетитот, а гликозата го намалува.

Животинските масти се нездрави

Долго се веруваше дека заситените масни киселини кои ги наоѓаме во животинските масти се нездрави. Истражувањето покажа дека тие сосема се безопасни и не го зголемуваат ризикот од болести на срцето и крвоносниот систем. Тие го зголемуваат добриот холестерол, и го претвараат во безопасен подтип холестерол.

Многу протеини е нездраво

Зголемениот внес на протеини долгорочно ги зајакнува коските и го намалува ризикот од кршење на стари години. Не е точно дека многу протеини се штетни за бубрезите. Протеините го намалуваат ризикот од дијабетес и висок притисок.

Треба да се јаде интегрален леб

Се почесто пристигнуваат нови докази дека јачменот предизвикува разни здравствени проблеми. Всушност јачменот е најголем извор на глутен, а многумина се чувствителни на него поради што може да дојде до проблеми со варењето, проблеми со мозокот, шизофренија, аутизам…Научниците дури препорачуваат воопшто да не се јаде јачмен.

Кафето е штетно

Вистина е дека кафето може да го покачи притисокот. Но истражувањето покажало дека оние кои пијат кафе имаат 67% помал ризик од појава на дијабетес, помал ризик од Алцхајмер и Паркинсон, и 80% помал ризик од болести на црниот дроб. Освен тоа кафето ги мобилизира масните киселини, го забрзува метаболизмот, а благопријатно делува на мозокот. Кафето содржи многу антиоксиданси – повеќе од овошјето и зеленчукот.

Месото е штетно

Вистина е дека преработеното месо го поврзуваат со разни болести, но црвеното месо не би требало да го ставаат во исти кош. Истражувањето од 2010 над 1,2 милиони испитаници открило дека нема врска помеѓу кардиоваскуларните болести и дијабетесот со црвеното месо. Црвеното месо е мошне хранливо: изобилува со витамини, минерали, квалитетни протеини, здрави масти и останати важни супстанции за телото и мозокот.

 Најздрава е нискокалоричната и нискомаслена исхрана

Истражувањето долго 7,5 години покажало дека групата жени кои се хранеле со нискомаслена и нискоенергетска храна тежеле во просек само 0,4 кг помалку од оние кои се хранеле нормално, а немало ни пораст на кардиоваскуларни проблеми ни зголемен ризик од рак.

Што е со маслото за јадење?

Соиното, сончогледовото, и пченкарното масло наводно се здрави. Но тие содржат Омега 6 масни киселини чија претерана конзумација предизвикува низа болести. Освен тоа ги поврзуваат со зголемен ризик од кардиоваскуларни и срцеви болести.

Од мастите се дебелее

Иако звучи логично дека од мастите се дебелее, тоа не е така едноставно. Иако мастите имаат повеќе калории отколку протеините и јаглехидратите, мрсната храна нема да ве здебели. Дури, во последно време станаа популарни диети каде се јаде мрсна храна, а се избегнуваат јаглехидрати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma