Вистинско решение за сезоната на настинки: Лимонада збогатена со пробиотици

popara20 октомври, 20131min00
3

Сега сигурно ќе се запрашате зошто ние би ве учеле како се прави лимонада. Но овде не станува збор за обична лимонада. Овде станува збор за лимонада збогатена со здрави пробиотици која ќе биде одличен лек и превентива за вашите малечки во зимскиот период.

Потребни состојки:

12 органски лимони

1/2 филџан кафеав шеќер

1 филџан сурутка

вода

Исцедете го сокот од лимоните, додадете го во голема стаклена тегла, додадете ја сурутката и измешајте.

Сега е време да додадете шеќер. Количината одредете ја сами, но ќе ви биде потребно најмалку половина филџан бидејќи пробиотиците се хранат со шеќер.

Откако ќе го додадете шеќерот и ќе измешате добро, теглата до врв наполнете ја по можност со филтрирана вода.

Оставете пијалокот да отстои најмалку два дена на собна температура за да ферментира и уживајте во овој природен лек полн со пробиотици и витамини. После ферментацијата постои голема веројатност пијалокот да биде доста покисел, па по потреба додадете шеќер.

limunada_boca

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma