Животните често ги исправуваат грешките кои луѓето ги прават, учејќи не на хуманост и сочувство кон послабите и оние во невоља. Едно улично куче го воодушеви светот кога спаси фрлени во канта за ѓубре цело легло мачиња кои луѓето ги оставиле таму за да умрат.
Кучето Банзи поголемиот дел од својот живот го поминал на улица. Токму таму, во кантата за ѓубре нашол мали мачиња на кои никој не сакал да им даде дом и шанса да преживеат.
Банзи ги однесол шестте мачиња во својата куќа во Сао Паоло. Претходно внимателно ја искинал кесата во која биле врзани, а потоа ги извадил со мајчинска внимателност.
Доброто животно покажало сочувство кон малечките, бидејќи и самото тоа го искусило тешкиот уличен живот.
Кучето го продолжило синџирот на добри дела кој го започнал неговиот сопственик кој го вдомил него и го спасил од улица. Тој сега ги спасил малите мачиња од сигурна смрт и веројатно долга и тешка агонија.