Ако имате нулта крвна група имате среќа односно дополнителна заштита од разни болести

popara3 јануари, 201518min00
24

Научниците од Харвард го објавиле истражувањето врз основа на кое заклучиле дека луѓето со нулта крвна група имаат природна заштита која ги штити од разни болести на срцето и крвните садови.

Тие откриле дека поединците со крвна група АБ која воедно е најретката, имаат 23% поголем ризик од срцев удар отколку останатите. Луѓето со крвна група Б имаат 11%, а припадниците на А крвната група имаат 5% поголем ризик од развој на срцеви потешкотии.

Крвната група О има одредени супстанции во крвта кои ја подобруваат циркулацијата и ја намалуваат шансата од зачепување на крвните садови, а со самото тоа се намалува и ризикот од инфаркт. Исто така крвната група А е поврзана со зголемено ниво на лош холестерол во крвта, додека крвната група АБ се поврзува со поголем ризик од воспаление, што е еден од факторите за оштетување на артериите.

Затоа ако не знаете која крвна група сте посетете го најблискиот транзфузиолошки завод и дајте крв. На тој начин ќе спасите живот, а воедно и ќе дознате колку треба да внимавате што да јадете и колку да вежбате.

2krv vadjenje