За љубителите на таласеста коса ќе претставиме една одлична метода како да го постигнат овој ефект за многу кратко време.
Прво поделете ја косата на два дела и почнете со едната страна така што ќе го свиткате праменот како да го цедите – вртењето на праменот треба да биде во правец од лицето кон надвор. Дури потоа на ред доаѓа пеглата за коса. Но немојте со пеглата само да поминете од коренот кон врвовите туку движете ја пеглата во правец ист како што косата е замотана и така полека се до крајот.
Истото направете го и со другата страна од косата, а се препорачува постапката да ја повторите два пати за потраен ефект.
Откако косата ќе се олади од пеглањето, пуштете ги прамените и тоа би било се.