Во провинцијата Чианг Рај во Тајланд се наоѓа еден уникатен чисто бел храм – Ват Ронг Кхун. Тој е симбол за рајот и на влезот стои сражар, кој ги испраќа грешниците во пеколот.
Храмот е изграден 1998 година и од тогаш станал едно од најпосетуваните места во Тајланд.
Храмот е речиси целосно бел. Декориран единствено со рефлективно стакло што му придава магичен изглед. Внатрешноста на церемонијалната сала поседува златни нијанси. Склуптурните композиции околу храмот се најразлични: Можат да се видат и чудовишта и змејови, има и композиција што го симболизира пеколот, претставена како многу раце протегнати од мака.