Во име на убавината, денеска решивме да ви ги понудиме овие ефикасни рецепти со чија помош ќе се ослободите од несаканите црни дамки на кожата.
* Изрендајте едно парче свеж рен на ситно. Изренданиот рен измешајте го со претходо направено тесто за леб (како топче за тенис) . Ставете го на газа, а потоа на проблематичните делови од кожата, кои претходно сте ги намачкале со маслиново масло. Држете така максимум 15 минути, за да не се добијат изгореници на кожата.
* Исечете ситно една врска магдонос и ставете ја во вода. Варете ја околу 15 минути, а потоа ицедете ја и додадете 5 лажици свеж сок од лимон. Со памук нанесете на лицето и применувајте го ова секојдневно. Докажано е дека лимоновиот сок во комбинација со магдонос е ефикасен лек за отстранување на темни дамки од кожата.
One comment
Ane
11 ноември, 2013 at 21:33
Vo kolku voda se stava magdonosot i potoa shto se pravi se stava vo nekoj sad ili samo za edna upotreba e ova?