Необичната фотосесија на голите принц Вилијам, Катрин и кралското бебе Џорџ се појави најпрво во британските таблоиди. Тројцата позираат во интимна атмосфера, голи во када. После тоа го облекуваат малиот Џорџ и го даваат на кралицата Елизабета Втора.
Скандалозно за кралското семејство кое во принцип се раководи од строги конзервативни правила и одбива лични фотосесии од секаков вид. Ништо скандалозно во оваа фотосесија не гледа Алисон Џексон, која стои зад оваа фотосесија. Идејата и сликите се нејзино дело, но кралските личности не се вистински, туку вештачки фигури.
Џексон го поставува прашањето дали можеме да веруваме на се што ќе видиме, живеејќи во свет на медиуми, технологија и интернет.