Некогаш и денес! Цената на животот секојдневно расте, инфлацијата варира од деценија во деценија, од производ до производ. Трошоците во САД пораснале од 1962 до денес 10 пати.
Американците пред 51 година можеле да купат нова куќа за 12 550 долари, а денес за неа би требало да издвојат околу 800 000 долари за 300 м2.
Просечната плата во 1962 година изнесувала 5556 долари за година, а сега е околу 40 000 долари годишно. Ако сакале да имаат нов автомобил би платиле за него околу 3000 долари, додека сега американците треба да издвојат од 12 до 18 илјади долари. И тоа само за просечен автомобил.
За изнајмување стан пред половина век се плаќало 110 долари за месец, а сега од 1100 до 2500 долари месечно.
Секако тука се и академските трошоци. Универзитетот Харвард во 1962 година би ве чинел 1500 долари годишно, а денес околу 40 000 долари за година.
Цените драстично се менувале последниот половина век. Во просек цените се зголемувале на секои 6 месеци, за да ги достигнат денешните вредности. Паралелно и просечната плата се зголемувала но само 7 пати, а цените 10 пати во споредба со состојбата од 1962 година.