Една од причините зошто Париз е сметан за еден од најмодерните градови во светот е и фотографијата на еден уличен писоар настаната некаде околу 1876 година.
Конструкцијата на писоарот се разликува од денешните, но секако за тоа време бил повеќе од модерен. Писоарот немал кров, но секако овозможувал извесна приватност за време на уринирање на отворено.
Писоарот е направен некаде помеѓу 1852 и 1870 година, за време на периодот познат како реконструкција или модернизација.
Писоарот претставувал само минорен дел на целата таа модернизација на Париз. Градот се до програмата за модернизација на Хаусман, поради лавиринтите од тесни улички без канализационен систем изгледал како да е заробен во средниот век.