Во телефонот на Ќазим Осман кој е пуштен од притвор, откако Манда Поповиќ ја повлече изјавата и рече дека не ја тепал, пронајдени се бројни фотографии од српските естрадни ѕвезди за кои се претпоставува дека биле или се во некаква врска со контроверзниот албански бизнисмен.
За време на претресот полицијата во неговиот телефон нашла фотографии од многу пејачки, старлети и манекенки во доста интересни пози.
Некои од нив се заедно со Ќазим, а некои сами се фотографирале па му ги испраќале. Воглавно, мошне интересен материјал за таблоидите…
На јавноста и е познато дека Ќазим пред неколку години беше во врска со Наташа Беквалац, а оваа година медиумите го поврзаа со Ана Николиќ. Љубовниот тријаголник: Ќазим – Манда – Николиќ заврши така што Манда ја претепа Николиќ во хотелот Маестрал, Будва.
Според најновите информации списокот на естрадни личности со кои Осман се забавувал овде не завршува…